parallax background

ТРАЕН И СИГУРЕН
ВОДОВОДЕН СИСТЕМ ВО ВАШИОТ ДОМ

ХИГИЕНАТА НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ, А ПОРАДИ ТОА И ИЗБОРОТ НА МАТЕРИЈАЛИ НИЗ КОИ
ТАА ЌЕ ТЕЧЕ СЕ МНОГУ ВАЖЕН ФАКТОР ЗА ЕДЕН ДОМ

Водата за пиење за нас има бесценета вредност. Водата е чиста и погодна за конзумирање, само ако не содржи микроорганизми, материи од било кој вид, и мирис попримен од материјалот на цевката низ кој минува водата во број и концентрација кои претставувааат потенцијална опасност по здравјето на луѓето.

Поради тоа ние, посебно внимаваме при изборот на матријали за изработка на водоводниот систем и се одлучивме за системот РАУТИТАН од германскиот производител РЕХАУ.

РАУТИТАН цевките се изработени од материјал со висок капацитет, PE-Xa. Додека делот „PE-Х“ е универзална ознака за цевки од вмрежен полиетилен, она што Рехау го прави различен од останатите е малата буква „а“ на крајот од ознаката (PE-Xa), што означува највисока класа на вмрежениот полиетилен. Колку за илустрација, станува збор за подобрена форма на полиетиленот, која веќе долго време се грижи на пример млекото во тетратпак да остане свежо, неутрално по вкус и да може хигиенски чисто да се транспортира и пакува. Водоводната цевка произведена од PE-Xa не е подложна на создавање на бигор и корозија и ја задржува чистотата на водата. Таа е отпорни на најагресивните видови на вода и со тоа обезбедува трајност на водоводна инсталација во домот, без ризик за нагризување на цевките.

УНИВЕРЗАЛНА ЦЕВКА РАУТИТАН ФЛЕКС

За инсталација за вода за пиење и инсталација за греење,вмрежен полиетилен под висок притисок (RAU-PE-Xa) според DIN 16892, DIN EN ISO 15875 и DVGW службен лист W 544. DVGW регистарски број: DVGW DW-8501AU2200 (системско одобрение) DIN Certco регистрација: 3V257 PE-Xa/отпорно на кислород според DIN 4726/


КВАЛИТЕТ



Покрај висококвалитетните цевки од PE-Xa, важен придонес за сигурност на системот РАУТИТАН дава и докажаната РЕХАУ техника за поврзување со подвижни навлаки. Овој едноставен, а притоа генијален принцип овозможува брза и истовремено сигурна инсталација на лице место. И не само тоа. Системот ќе биде нов и кога ќе застари. Не постои опасност дека некаде ќе “протече’’. РАУТИТАН е систем -инсталација која држи цел живот. Со цел, оваа сигурност да ви се пружи вам и на вашиот инсталатер, кај РЕХАУ секој поединечен производ подлежи на строга контрола на квалитетот – од најмалиот до најголемиот дел. Од таа причина повеќе од милијарда компоненти ги поминале овие строги испитувања.


ЕКОНОМИЧНОСТ ВО ЕКСПЛАТАЦИЈА



Издржлив систем е и економичен систем. РАУТИТАН не само што се поставува лесно, брзо и сигурно туку и се исплати со оглед на неговата трајност. Заштедете на непотребни трошоци за санација, избегнете нервози и потпрете се на сигурноста на РАУТИТАН.


ДОБАР ПРОТОК



Еднаш поставена во ѕидот, водоводната инсталација покриена со малтер и керамички плочки, исчезнува од нашиот видик. Но, заедно со неа исчезнуваат и местата на спојување кои се најризичните точки на секојa водоводна инсталација. Затоа треба на време да избереме вистински квалитетен систем. Во спротивно ни преостанува само да се надеваме дека споевите нема да протечат и дека на сите славини ќе добиеме неопходно ниво на проток. Префинетата РЕХАУ техника на спојување со подвижна навлака покрај тоа што обезбедува трајно заптивање (дихтување) на споевите, истовремено гарантира и целосно избегнување на ризикот од стеснувањето на цевката во областа на спојот. Доволно е само да се примени оригиналниот Рехау алат. Како резултат на тоа низ спојните елементи се задржува речиси непречен проток ист како и низ цевките со што на излез од славините се добива очекуваниот номинален проток. Истовремено, отсуството на несакани „стеснувања“ допринесува и за избегнување на дополнителни локални отпори во инсталацијата. На таков начин се остварува и помала потрошувачка на енергија потребна за работа за циркулационите пумпи или со други зборови зголемена енергетска ефикасност.

РАУТИТАН СПОЈНИ ЕЛЕМЕНТИ

СЛОБОДЕН ПАТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ



НАГРАДА



За високиот квалитет и функционалност на системот РАУТИТАН, РЕХАУ беше одликуван со наградата Плус Икс (Plus-X Award). Стручното жири го призна беспрекорниот квалитет и сигурност на системот, како и неговиот постојан развој.


АВТОРИЗИРАНИ ПАРТНЕРИ



Системот е поставен од страна на авторизиран партнер на фирмата РЕХАУ, фирма ЕН КОНТ од Скопје. ЕН КОНТ има добиено соодветна техничка обука и сертификат за инсталација на водоводниот систем со РАУТИТАН и соодветен алат за монтажа на истиот од страна на РЕХАУ.

РАУТИТАН е систем и за денес и за утре, бидејќи не само што веќе сега ги исполнува хигиенските стандарди на иднината, туку нуди и сигурност од непријатни изненадувања со очекуван век на траење од повеќе од 50 години.


НАЈДОБАР МАТЕРИЈАЛ ЗА НАЈДОБРА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ



www.rehau.com.mk/rautitan

За производство на РАУТИТАН флекс цевките се користени врвни материјали. Цевките континуирано се тестирани за време на производството и се под постојан надзор согласно уредбите. РАУТИТАН флекс цевките ги исполнуваат барањата на ONORM EN ISO 15875 DIN 4726 РЕХАУ гарантира за беспрекорна состојба на РАУТИТАН флекс цевките. Лизгачките фитинзи и чаури за трајно заптивната техника за спојување на РАУТИТАН флекс цевките, се произведуваат со најголемо внимание според најновиот тренд на техниката.